Новиот аеродром во Истанбул е проектиран во ProtaStructure- софтверот

Инженерските и Bim тимовите на Prota Engineering го користеа софтверот ProtaStructure за време на целото проектирање на Новиот аеродром , со цел да проектираат брзи и безбедни модели , што исто така ги намалува човечките грешки.

Преглед

International Engineering, BIM Consultant и Prota Engineering работеа на конструктивниот модел за главната терминална зграда за патниците на истанбулскиот нов аеродром.Водени од силниот конзорциум на Cengiz, Kolin, Limak, MAPA и Kalyon, проектните услуги требаше да бидат такви , така што ќе ги остварат високите барања на клиентите.Истанбулскиот нов аеродром беше проектиран како модерно и високо функцонално место со уникатен идентитет. Безразлика на огромните димензии , терминалната зграда беше замислено хармонично да се вклопи во околината , со нејзината јасна хоризонтална изразеност.Prota Engineering ги задоволија сите статички и сеизмички услови на прокетот.

Ние го користивме ProtaStructure преку целиот животен циклус на проектот ,така што ние имавме можност да управуваме со пректните варијации брзо,економично и прецизно.

Aydan OZMEN проект менаџер

За проектот: Новиот аеродром во Истанбул

Заснован е на брегот на Црното море , 35 км надвор од Истанбул ,овој преголем аердором е најголемата единствена инвестиција во Турција.Новиот аеродром во Истанбул е проектиран за да биде најфреквентниот аеродром во светот, да услужи 70 милиони патници во неговата прва година и да порасне на преку 150 милиони патници на година за
време на неговите први 25 години од работењето.Аеродромот е голем меѓународен центар и ги поврзува летовите на повеќе од 350 дестинации низ светот.
Терминална зграда е најголемата во светот под еден покрив, со бруто површина во основа повеќе од 1.5 милиони метри квадратни.

Предизвиците

Дадениот екстремно брз временски рок за доставување на економичен и точен модел за овој масивен проект беа клучните предизвици со кои се соочи Prota Engineering. Во прилог , терминалната зграда на светски најголем аеродром беше структирно многу комплексна. Архитектонската форма на модерниот аеродром им отвори интересни предизвици на инженерите , како што се: огромна употреба на искривени фасади, комплексен облик на челичниот покрив и подвижни плочи кои се движат по најразлични носиви решетки.

Аеродромот се состои од главен терминален блок и 5 споредни блокови. Централниот блок има “Т“ облик со димензии во основа 760м х 414 m(260,000 m2). Светлата катна висина е 10 m и челичната покривна конструкција е потпрена на столбови и лифт од 32 m. Терминалниот блок и споредните блокови имаат армиранобетонски греден конструктивен систем со монтажни плочести панели. Подигнатите платформи се проектирани со челични рамовски системи и композитни плочи. Конструкцијата е длабоко фундирана со колови.Покривниот систем е проектиран со челични решетки и профили.

Сепак , како и во многу други случаеви , колку што е покомлицирана конструкцијата , толку повеќе софтверот станува корисен користејќи го интегрираниот пристап кон моделирање како на ProtaStructure. Инженерските и Bim тимовите на Prota Engineering го користеа софтверот ProtaStructure за време на целото проектирање на новиот аеродром , со цел да проектираат брзи и безбедни модели , што исто така ги намалува човечките грешки.

Ајден Озман , претседателот на одборот на Prota Engineering искоментира, “ Ни беше задовоство што го доставивме проектот предвреме и ги задоволивме предизвикувачките барања на нашиот клиент. Беше неверојатно да се биде сведок како водечките истражувања и новите технологии како што е ProtaStructure 2019 , ги прават животите на проектантите полесни.

Решението: “Полетај” со ProtaStructure.

ProtaStructure ни помогна да го намалиме времето за проектирање и ја зголеми профитабилноста на проектот. Чинењето на проектот беше намалено на повеќе од 50% , благодарение на брзиот , точниот и автоматскиот начин на дизајн на ProtaStructure.

Gulsah SAGBAS Тим-лидер на проектот

Sagbas исто така додаде, “ProtaStructure e правилниот алат за да направиш точни модели , да ги автоматизираш челичниот и бетонски дизајн и да произведеш висок квалитет на цртежите и проектната документација согласно со задолжителните сеизмички и статички прописи. Ние префериравме да користиме ProtaStructure за време на проектирањето на сите наши големи проекти како аеродроми , станбени згради , болници , трговски центри и секогаш добивавме подобри и позитивни резултати.

Резултати

Конструктивните можности на Bim дизајнот на ProtaStructure го отворија патот до успехот со :

  • Овозможување на проценка на различни проектни варијанти благодарејки на брзиот развој на моделот и проверка,
  • Обезбедување на целосно автоматизиран дизајн базиран на код и специјализирани детали за отпорност на земјотрес,
  • Олеснување на BIM интеграцијата и координацијата со тимот на проектот,
  • Истовремено моделирање со спојување на функционалноста на моделот,
  • Значително намалување на напорот за изготвување на планови за детали со целосно автоматизирани детали засновани на код,
  • Автоматско создавање на концизни повеќејазични пресметковни извештаи кои ја олеснија техничката комуникација помеѓу различни проектни тимови.

IGA Terminal – ProtaStructure Models

IGA Terminal – ProtaStructure Models